Каваи Ленард кој го предводеше Торонто до првата шампионска титула во НБА лигата, а потоа се пресели во Лос Анџелес Клиперс најавува дека следното лето ќе биде дел од американскиот состав за Олимписките игри во Токио. Најкорисниот играч на финалето сепак вели дека претходно има еден друг приоритет.
„Во моментов се чувствувам дека веќе играм за американскиот тим, но прво треба да ги одведам Клиперс до разигрувањето. Тоа е мојата прва задача“ – вели Ленард.
Американскиот состав доживеа дебакл на Светското првенство во Кина и го имаше најлошиот пласман во историјата. Ова откако на селекторот Грег Попович му откажаа најголемиот дел од играчите кои првично ги повика. По „потопот“ се поголем е бројот на НБА ѕвезди кои најавија дека следното лето сепак ќе бидат во тимот кој ќе настапува во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА