Не е Априли-ли-ли…Кучка му даде гол од центар на Муслера (ВИДЕО)

Јурај Кучка, поранешниот фудбалер на Милан, сега го носи дресот на Трабзонспор во турскиот шампионат, а денеска беше стрелец на неверојатен гол против Галатасарај. Тој успеа да го совлада голманот на Галатасарај, Фернандо Муслера, буквално од центарот на теренот.

Во судиското продолжение, Галатасарај имаше водство од 2-0, па Муслера опуштено излезе далеку од голот. Тоа го увиде Кучка со прецизен шут постигна фантастичен гол…

Се вчитува...