Не е лага: Меси и компанија добија лекција од Малага… (видео)

Барселона значително си ги намали шансите за шампионската титула во Примера дивизијата откако во 31. коло доживеа пораз од 2-0 на гостувањето против Малага, пропуштајќи можност да се израмни на врвот со Реал Мадрид, кој денеска ремизираше во дербито со Атлетико Мадрид.

Меси и компанија добија вистинска лекција од Малага, од неколку аспекти, но пред се за начинот на тоа како се бранат боите на својот клуб воден од желбата за успех. Стрелец на првиот гол за Малага беше Рамирез во 32. минута.

Sandro Goal 1-0 Malaga vs Barcelona by enteritament

Дополнителен проблем за Барселона беше исклучувањето на Нејмар во 65. минута.

Neymar (Roughing) Red Card HD – Malaga 1-0… by mamiewaymire

Па, на крајот следеше и запечатувањето на победата на Малага од 2-0, со голот на Џони.

Jony Goal HD – Malaga 2-0 Barcelona 08.04.2017 HD by Livee1Goals

По овој пораз, Каталонците останаа на 69 бода, со три бода помалку и натпревар повеќе од Реал Мадрид. На третата позиција е Атлетико Мадрид со 62 бода, пред Севилја која има 61 бод.

Се вчитува...