„Не е лоша идејата националниот стадион во Србија да се вика Синиша Михајловиќ“

Србија се уште тагува по Синиша Михајловиќ, каде во текот на вчерашниот ден во музејт на Црвена Звезда илјадници луѓе се запишаа во книгата на жалост по прераната смрт на фудбалската легенда.

Меѓу нив беше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој јавно ја поддржа иницијативата што се појави, националниот стадион што е во изградба да го носи името на Синиша Михаловиќ.

„Бев еден од оние кои навиваа за него, не само на ТВ, туку и во живо на бројни натпревари во поранешна Југославија и во странство. Тој е дел од животот на мојата, нешто постара генерација, еден од оние луѓе кои беше сакам од сите. Синиша беше човек со големо срце и огромна храброст, кој многу ја сакаше Црвена Звезда и својата Србија, затоа сега тагата кај целиот српски народ е огромна. Го сретнав во живо неколку пати, разговаравме и можам да кажам дека тоа беше човек со неверојатна спонтаност и искреност. Никогаш нема да го заборавиме, Синиша е еден од оние кои засекогаш ти остануваат во срцето. Ме радува што е покрената иницијатива националниот стадион да го добие неговото име. Некои други луѓе ќе решаваат на таа тема, но јас од мое име можам да кажам дека тоа воопшто не е лоша идеја“, изјави Вучиќ.

Се вчитува...