Марио Балотели не ја исклучува можноста повторно да го облече дресот на италијанската репрезентација, иако последниот настап за „аѕурите“ го имаше во 2018 година.
36-годишниот напаѓач во моментов настапува за Ал Итифак од Обединетите Арапски Емирати, а откри дека неодамна разменил пораки со Роберто Манчини, кој повторно се врати на селекторската функција во Италија.
„Му напишав: ‘Види, сè уште можам да играм!’“, откри Балотели.
На прашањето дали би се вратил во репрезентацијата доколку продолжи да постигнува голови, искусниот напаѓач кратко одговори:
„Ако продолжам да постигнувам голови – да“.
Балотели досега има 36 настапи за италијанската репрезентација, на кои постигна 14 голови. Последен пат настапи за националниот тим во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
