Мега-ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, важи за еден од најдобрите фудбалери во последните десетина години. Сепак, и најдобрите знаат да имаат „лош“ ден, особено против екипите кои знаат да како да го спречат Аргентинецот.
Меси во својата кариера настапил на повеќе од 600 натпревари на кои има постигнато вкупно 534 погодоци носејќи го дресот на Барселона, славел против најдобите чувари на мрежа, совладал и противници многу послаби од него, но има и клубови против кои никако не успевал да го најде патот до мрежата. Не се многу, може да се набројат на прсти, но тие 12 екипи се вистински „кошмар“ за петкратниот освојувач на „Златна топка“.
Почнувајќи ја рано кариерата во дресот на „каталонците“, Меси дебитираше на само 17 години. На неговиот трет официјален меч во првиот тим, негов прв како стартер, се соочи против шпанскиот третолигаш Граменет во „Купот на кралевите“ каде претрпе пораз со минимални 1-0. Тоа беше единствениот меч на Меси против нисколигашот, се уште чека да се „реваншира“. Удинезе, Реал Мурсија, Ал Сад и Џирона се останатите екипи против кои Меси одиграл само еден меч, а при тоа не успеал да ја затресе нивната мрежа.
Аргемнтинскиот генијалец по два пати се соочи со Кадиз, Ксерез и Ливерпул, но немаше среќа да донесе радост на своите соиграчи и фанови, додека Интер и Бенфика во дури четири наврати успеале да го спречат „најдобриот“.
Сепак, најголемиот „кошмар“ за Аргентинецот е актуелниот англиски првак Челси – противникот против кого Меси вечерва ќе се соочи по деветти пат. Дуелите меѓу Челси и Барса носат многу историја, а Меси секогаш има причина повеќе да го даде најдоброто од себе, со цел конечно да слави против „сините“. Најблиску го дол беше во полуфиналето од ЛШ во 2012 година, но Лео на „Камп ноу“ промаши пенал, а Барса подоцна беше елиминирана од европското натпреварување.
Оваа листа од 12 екипи може да се намали на 10 веќе во следниве неколку денови. Доколку Меси погоди вечерва на „Стемфорд бриџ“, ќе го прецрта Челси, додека во сабота на „Камп ноу“ гостува Џирона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА