Не е само „дабл-дабл“… Лука Дончиќ е и „бананамен“ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ остава зад себе уште една извонредна вечер во НБА лигата.

Во победата на Далас над Атланта од 114-107 младиот Словенец запиша 24 поени, 10 скока и шест асистенции. Но, не е само „дабл-дабл“ ефектот. Од дуелот со Атланта се издвои и неговата „банана“ над Трае Јaнг.

 

А, дуелот меѓу двајцата е интересен и затоа што текот на летниот драфт Атланта го искористи третиот пик за да го земе Лука Дончиќ. Но, потоа го препушти на Далас, а во замена за Jaнг кој, пак, беше прв пик на драфтот во 2018 година. Е, сега кој погрешил проценете сами.

Инаку, Лука Дончиќ си го доби и признанието за најдобар во НБА лигата за септември/октомври.

Се вчитува...