Не е само Порзингис: Дончиќ добива уште еден европски ас во Далас

Далас сезонава најверојатно ќе извиси во трката за плејофот, но газдата Марк Кјубан напоно работи на создавање на тим околу Лука Дончиќ што од наредната година дефинитивно би обезбедил место во доигрувањето за шампионскиот трофеј. Веќе се стартувани преговорите со Порзингис за летонскиот ас уште долго да остане во Далас, а како што стојат работите нему и на Дончиќ ќе им се придружи уште еден европски ас.

Станува збор за Никола Вучевиќ, олстар кошаркарот од Орландо меџик чиј договор истекува на крајот од сезонава и кој ќе ги промени клупските бои во текот на летото. Црногорецот игра извонредна сезона и има просек од 20 поени и 12 скокови по натпревар, но Орландо планира „ремонт“ на тимот и веќе е најавено дека нема да му го подобри актуелниот договор, според кој Вучевиќ заработи 53 милиони долари во изминатите четири сезони. Далас е подготвен да ја надмине и границата од 60 милиони долари за четиригодишна соработка, се со цел да добие моќен центар со кој тимот уште повеќе би добил на квалитет.

Покрај за Вучевиќ, раководството на Далас покажува сериозен интерес и за Крис Мидлтон, кој игра во одлична форма во дресот на Милвоки бакс, во просек бележејќи по 17,1 поен, 5,8 скокови и 4,2 асистенции по натпревар.

Се вчитува...