Не е Црвена Звезда: Теодосиќ го избра новиот клуб

Трансфер-бомбата што српската јавност ја најавуваше со потписот на Милош Теодосиќ за Црвена Звезда сепак нема да „експлодира“ откако одличниот плејмејкер избрал друга понуда за продолжување на кариерата. Тоа нема да биде ниту ЦСКА Москва, ниту пак Макаби, туку италијанскиот клуб Виртус, кој предводен од тренерот Александар Ѓорѓевиќ најавува многу сериозен проект за наредната сезона.

По понудата од 2,5 милиони евра за двогодишен договор, Виртус испратил нова понуда за тригодишна соработка за вкупна сума од околу четири милиони евра. Според специјализираниот портал “Eurohoops”, трансферот е веќе договорен, а се очекува да биде официјализиран во текот на следната седмица. Со тоа, Теодосиќ ќе влезе максимално фокусиран во репрезентативен погон на подготовките за СП 2019, со разрешено клупско прашање, и тоа токму во тимот на селекторот Ѓорѓевиќ.

Само за потсетување, Теодосиќ беше без клуб во вториот дел од минатата сезона, откако по раскинот на договорот со ЛА Клиперс одби неколку понуди потенцирајќи дека сака да се одмори и потоа целосно да се фокусира на националниот тим и настапот на Мундијалот во Кина.

Се вчитува...