Не е тука Диего Коста, но голови за Челси дава и Маркос Алонсо

Лидерот Челси се врати во победнички ритам во Премиер – лигата. По поразот од Тотенхем, тимот на Антонио Конте славеше со 0-3 на гостувањето кај актуелниот шампион Лестер.

Иако ослабени без најдобриот стрелец Диего Коста, кој има несогласувања со клубот, и не беше повикан за ова гостување од менаџерот Конте, сепак, „сините“ ја одработија задачата на совршен начин.

Левиот бек Маркос Алонсо ги постигна првите два гола за Челси на овој меч, а Педро стави точка на триумфот со погодокот во 71.минута, за конечни 0-3.

Leicester City 0-3 Chelsea – all goals & full… by Wrestling2016

Се вчитува...