Не го отпишувајте Јунајтед, одложена шампионската прослава на Сити

Манчестер јунајтед со фантастичен пресврт стигна до победа на градското дерби против Манчестер сити од 2-3, на тој начин одложувајќи ја шампионската прослава на големиот ривал, кој во случај на победа ќе ја осигураше титулата.

„Граѓаните“ го почнаа натпреварот без Де Бруин и Агуеро, но сепак делуваа доминантно, во првото полувреме прегазувајќи го противникот. Судијата не досуди чист пенал за Сити по само неколку минути игра, но тоа не ги исфрли пулените на Гвардиола од ритам, па Компани и Гундоган стрелаа за 2-0. Водството можеше да биде и многу поубедливо, но домашните фудбалери не искористија уште неколку убави шанси преку Стерлинг.

Казната стигна на самиот старт од второто полувреме, а во главна улога беше Пол Погба. Францускиот ас во рок од две минути постигна два погодоци и резултатот експресно беше израмнет на 2-2, пред Смолинг да го комплетира пресвртот.

Сити до крајот тргна во офанзива, но не успеа да стигне ниту до израмнување, а најубавата шанса ја промаши Стерлинг, кој во 90. минута од неколку метри биеше само во дирекот.

Се вчитува...