„Не го сакаме Новак како Роџер, но ако паднат сите рекорди ќе мора да престанеме да се лажеме“

Францускиот тенисер Жил Симон говореше околу трката за најдобар тенисер на сите времиња. Во последните месеци се разговара само околу тоа кој од Федерер, Надал и Ѓоковиќ на крај ќе заврши со најмногу трофеи од грен-слем турнирите. Свое мислење околу целата ситуација даде и францускиот тенисер.

„Ако Роџер Федерер успее да ги задржи сите рекорди тогаш секако ќе речем дека Рафа и Новак се неверојатни тенисери, но пред се не се добри како Роџер. Многу веруваат дека никој нема да ги урне рекордите на Роџер, но доколку тоа го направи Новак, ќе мора да престанеме да се лажеме“, вели Симон. 

Во моментов Роџер Федерер и Рафаел Надал се на врвот на вечната листа со по 20 освоени грен-слем турнири, додека Новак Ѓоковиќ има три помалку од големите ривали.

Се вчитува...