Лапорта кон противниците за нов претседател на Барса: Престани да ми се заблагодаруваш, туку гласај за мене…

Навивачите на Барселона со нетрпение го очекуваат утрешниот ден кога конечно ќе се одржат изборите за нов претседател на клубот. Барселона веќе неколку месеци е клуб без претседател, бидејќи Жозеп Марија Бартомеу поднесе оставка во октомври. Изборите беа закажани за 24. јануари, но беа одложени за 7. март поради пандемија на коронавирусот.

Многумина веруваат дека Жоан Лапорта е фаворит за победа на утрешните избори затоа што тој веќе ја водеше Барселона како претседател и забелажа голем успех со тимот од Каталонија. Покрај него, кандидати се Виктор Фонт и Тони Фреикс.

Тие синоќа учествуваа во дебата на една од шпанските телевизии и секој од нив се обиде да објасни зошто треба да добие глас и да стане нов претседател. Но, на крајот, Лапорта, како што пишува „Мундо Депортиво“, со неколку реченици ги „збришал“ противниците. Лапорта му се обрати на Фонта кој упорно ветуваше останување на Меси и доаѓање на Чави, па имаше посебна порака за него.

„Човеку, тука зборуваш дека ќе го убедиш Лео Меси да остане, а ти воопшто не го познаваш. Инсистираш за соработка и со Чави. Престани да ми се заблагодаруваш секогаш кога ќе го завршам моето излагање, подобро гласај за мене, ти си паметен“, заклучи Лапорта, што навистина не им се допадна на неговите противници.

Се вчитува...