Не можат повеќе да го трпат – Дембеле отворено против Мбапе

Осман Дембеле реши да застане пред Килијан Мбапе и јасно да му каже дека неговите соиграчи го замолуваат да игра повеќе дефанзивно.

Ѕвездата на Реал многумина ја сметаат за исклучително арогантен и егоистичен фудбалер. Неговиот став кон соиграчите често го потврдува ова, но во репрезентацијата има човек кој ќе му се спротивстави.

Официјално најдобриот фудбалер во светот, Осман Дембеле од ПСЖ, реши да застане пред Мбапе и да му каже што неговите соиграчи сакаат од него.

„Дембеле достигна сосема ново ниво во француската репрезентација. Тој нема проблем да му го каже тоа директно во лице на Килијан Мбапе“, велат француските медиуми и додаваат:

„Неодамна го замоли да игра повеќе дефанзивно за доброто на тимот. Му рече дека мора да учествува многу повеќе во одбраната.“

Не е познато каква реакција имал капитенот на „триколорите“. Сепак, дефинитивно не очекуваше некој да му каже толку директно што да прави.

Мбапе е навистина феноменален играч, но неговата ароганција го претвори во еден од најомразените фудбалери.

Тој претрпе жестоки критики од навивачите на Реал Мадрид во последните месеци. Многумина го сметаат за најодговорен за сите проблеми што ги снајдоа „кралевите“ изминатите две сезони.

А, и се повеќе Французи не можат да го поднесат Мбапе. Поради ова, Дембеле реши да реагира пред играчот и да каже што мисли за неговата игра во националниот тим и што треба да подобри.

Се вчитува...