Не може дерби без нервоза: Се „запалија“ и Солскјер и Гвардиола (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед славеше со 0-2 на гостувањето против Манчестер сити во дербито од Премиерлигата. Оле Гунар Солскјер го надмудри Пеп Гвардиола, запирајќи ја победничката низа на „граѓаните“ од 21 натпревар.

Големиот дуел на Манчестер не можеше да мине и без нервоза. Покрај теренот добро се „запалија“ двајцата менаџери.

Солскјер негодуваше откако судијата не дозволи Гринвуд да влезе во игра место Маркус Рашфорд, и што фудбалерите на Сити не сакаа да ја вратат топката која беше исфрлена надвор од терен. А, на сето тоа доби објаснување со кратка нервозна реакција од Гвардиола…

Се вчитува...