Не може Дончиќ се сам, Хејворд со звукот на сирената за победа на Бостон… (ВИДЕО)

Нов пораз на ЛА Лејкерс во еден од десетте синоќешни натпревари во НБА лигата. Лејкерси во „Стејплс центарот“ загубија од Денвер со 99-115.

Не можеше Леброн Џејмс сам да го одлучи овој натпревар. „Езерџиите“ го нанижаа четвртиот едноподруго пораз па само чудо може да ги одведе во доигрувањето. Леброн беше најефикасен со 31 поен и по седум скока и асистенции, но ниту тоа не беше доволно да се спаси од пораз неговиот тим. Кај Денвер, Вил Бартон постигна 23 поени.

Ниту новата одлична партија на Лука Дончиќ не му помогна на Далас да го избегне поразот од Вашингтон, од 132-123.

Лука повторно брилјираше, со 31 поен, 11 скока и седум асистенции но Далас не игра добро запишувајќи го третиот едноподруго пораз. Домашните до победата ги предводеше одличниот Бредли Бил со 30 поени.

Потегот на вечерта во НБА лигата беше на кошаркарот на Бостон, Гордон Хејворд кој со звукот на сирената донесе победа за својот тим на гостувањето против Сакраменто со 109-111.

Во останатите натпревари Мајами го победи на гости Шарлот со 84-91, Детроит беше подобар од Минесота со 131-114, Атланта на домашен терен загуби од Сан Антонио со 104-111, Бруклин беше подобар од Кливленд (113-107), Чикаго во неизвесен натпревар ја совлада Филаделфија со 108-107 а Феникс славеше против Њујорк со 107-96.

Се вчитува...