Не може Фернандеш да зема плата колку Лингард

Манчестер Јунајтед подготвува нов договор за Бруно Фернандеш, откако португалскиот ас експресно се наметна како лидер на „црвените ѓаволи“ по јануарскиот трансфер од Спортинг Лисабон. Португалецот моментно заработува речиси трипати помалку од Пол Погба, а рамо до рамо со Фернандеш се Џеси Лингард и резервниот голман Дин Хендерсон, кои неделно добиваат по 100.000 фунти.

Големиот ас досега одигра 37 средби за „ѓаволите“, притоа постигнувајќи 22 погодоци и 14 асистенции. Тој беше и најзаслужен за одличните игри на Јунајтед во вториот дел од ланската сезона, кога оваа екипа успеа да стигне до мсто во Лигата на Шампионите.

„Никако не може Фернандеш да зема плата колку Лингард. Тоа е неправда што наскоро ќе биде исправена“, истакнува извор од управата на Манчестер Јунајтед.

Преговорите за нов договор се веќе стартувани, а Јунајтед е подготвен да му даде на португалскиот плејмејкер двојно поголема плата, договор до 2025 со заработувачка од 200.000 фунти неделно, плус богати бонуси.

Се вчитува...