Не можел да ги сопре солзите: Камавинга плачел по исклучувањето во Минхен

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга бил неутешен после црвениот картон на натпреварот против Баерн Минхен во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.

Во 86. минута Французинот го фаулираше Хари Кејн и одби да му ја врати топката на противникот по судиското свирче, по што арбитарот Славко Винчиќ се одлучи да му покаже жолт картон, што беше втор, а автиматски значеше исклучување.

Фудбалерот подоцна им се извинил на навивачите и соиграчите на социјалните мрежи, но според „Марка“, тој бил неутешен после овој потег. Камавинга наводно неутешно плачел после мечот.

Од глетката биле трогнати неговите соиграчи, со оглед дека Камавинга бил познат како еден од највеселите во тимот.

Се вчитува...