Не можеше да издржи: Како Погба го поздрави Гвардиола…

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола повторно „закува“ ситуација меѓу него и менаџерот Мино Раиола со изјавата дека во јануари му ги нудел Пол Погба и Хенрих Мкхитаријан.

Гвардиола и Раиола не се баш во најдобри односи уште од ситуацијата со Златан Ибрахимовиќ во Барселона, па Раиола брзо демантираше дека му ги нудел Погба и Мкхитаријан порачувајќи му дека повеќе за фудбал не би разговарал со него.

По нивниот вербален судир на Твитер се огласи и фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба. Иако му советувале дека не треба да се меша, очигледно Французинот не можеше да одолее… па му порача на Гвардиола: „Што велиш?“, притоа сето тоа со соодветна фотографија.

Се вчитува...