„Орлите“ со неочекувани навивачи – Хрватите ќе навиваат за Србија

На претстојниот финален дуел во рамките на Лигата на нации, Србија на „Рајко Митиќ“ ќе ја пречека Шкотска во обид прв пат по 2000 година да се најде на Европското првенство. А, изненадувачки, „орлите“ ќе имаат и неочекувани навивачи – Хрватите.

Победникот од дуелот на Европското првенство ќе игра во групата „Д“ заедно со Англија, Чешка и Хрватска. „Коцкестите“ во досегашните пет дуели со Шкотите не знаат за победа, имаат скор од три нерешени дуела и два пораза, додека пак истото не важи и против Србите со кои на четири одиграни дуели не знаат за пораз, а имаат и една победа.

Англичаните ќе навиваат за своите соседи, Чесите поради словенската врска најверојатно за Србија, а Хрватите – за полесниот противник.

Се вчитува...