Фудбалерите на Баерн остварија убедлива победа во пријателскиот натпревар против Ротах-Егерн. На крајот германскиот првак славеше со 15-0 на овој пријателски меч.
Веќе во 9-тата минута, Павиќ постигнува гол за предност на Баерн и екипата на Ротах-Егерн не издржа долго. Минута подоцна Ибрахимовиќ постигна гол за 2:0, а во 10-тата минута беше 3:0. Голот го постигна Чавез. Чавез го постигна четвртиот гол на натпреварот, а тоа се случи во 13-тата минута.
Потоа, следеше мирен период на игра до судиското продолжение, кога Ибрахимовиќ го зголеми резултатот на 5:0. Само минута подоцна, Кардозо постигнува уште еден гол за Баерн и го поставува конечниот резултат во првото полувреме.
Во второто полувреме, Баерн постигна уште осум гола, а сè започна во 50-тата минута со уште еден гол на Кардозо. Минута подоцна, гол постигна и Сиб, а Палиња го зголеми резултатот на 9:0 во 57-та минута. Баерн стигна до двоцифрена предност во 59-тата минута кога Сиб постигна гол. Баерн постигна два гола во 67-та минута. Прво Сапоко Ндијаје го матираше противничкиот голман, а неколку секунди подоцна истото го направи и Асомо.
Павловиќ постигна гол во 86-тата минута за резултат од 13:0, а две минути подоцна Кимих постигна гол за резултат од 14:0. Конечните 15:0 на овој натпревар беа поставени во 93-тата минута од натпреварот. Стрелец на голот беше Нурај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
