Не сака и не сака: Супер-волеј на Бабунски, само во гредата (видео)

Нема сомнеж дека Македонија со пристапот и залагањето заслужи да постигне најмалку еден гол против Шпанија, но среќата денеска дефинитивно не им е наклонета на нашите млади фудбалери.

Доказ за тоа е и овој фантастичен волеј удар на Давид Бабунски, кој наместо во мрежата заврши само во гредата од голот на Кепа. За добар резултат, особено против ривал како „црвената фурија“, потребно е да ја имаш и среќата на своја страна. За жал, тоа вечерва не е случај.

Се вчитува...