„Не сакам да бидам фудбалер, бидејќи се плашам дека ќе го сретнам Рамос и ќе ми ги скрши нозете“

Младиот Норвежанец, Мартин Одегард зимава стигна во Арсенал на позајмица од редовите на Реал Мадрид. Норвежанецот за кратко време стана еден од омилените фудбалери на навивачите на Арсенал, а посебно кај најмладите. Одегард беше гостин во емисија во која навивачите можеа да му постават прашање.

Одегард водеше разговор со две мали дечиња, големи фанови на Арсенал, а едното од нив го даде најоригиналниот коментар.

„Кога ќе пораснам сакам да бидам архитект. Не сакам да бидам фудбалер бидејќи се плашам дека ќе го сретнам Рамос и тој ќе ми ги скрши нозете“, рече малото момче. 

 

Се вчитува...