„Не сакам да играм на УС опен, поважно ми е да останам жив“

УС опен е во план да се одржи на крајот на август под посебни мерки. Сепак, и понатаму владее несигурност поради ситуацијата во Њујорк со пандемијата од коронавирусот. Еден од оние кои се противници на одлуката да играат во Њујорк е францускиот тенисер Беноа Пер, кој смета дека во моментов во САД е премногу ризично да се игра.

„Пред еден месец ќе кажев дека ситуацијата е подобра, кафулињата повторно проработеа, исто така и рестораните, но сега, па тоа што се случува е катастрофа. Постои голем ризик да заминеш во САД. Дури и ако отидеме таму е коцкање, има многу случаи. Сакам да играм тенис, бидејќи тоа е наша секојдневица. Се е премногу компликувано. Затоа преферирам да не играм, бидејќи во моментов најважно ми е да го чувам здравјето и да останам жив“, изјави Пер. 

Според моменталните планови УС опен треба да се одржи во периодот од 31. август до 13. септември.

Се вчитува...