Зборовите на селекторот пред Италија ќе важат и за Португалија: „Не се откажувајте каков и да е резултатот, играјте до крај!“

По чудото во Италија, македонската фудбалска репрезентација ја очекува уште еден тежок натпревар, но последен во обидот да се забележи настап на Свесткото првенство во Катар.

За разлика од дуелот во Палермо, селекторот Благоја Милевски против Португалија ќе може да смета на услугите и на Тихомир Костадинов кој поради жолти картони не можеше да им помогне на соиграчите.

Младиот играч го даде својот поглед за натпреварот против европскиот шампион, а вели дека „црвено-жолтите“ во Порто ќе целат кон ново чудо.

„Првото чудо се случи, сега ни треба и второ. Сега сме концентрирани на Португалија, иако се уште работи адреналинот после тоа што се случи со Италија. Нешто неверојатно е да победиш европски првак, кој пред осум месеци ја освои титулата. Тоа е историја, зашто многу и поголеми селекции не успевале да победат во Италија. Стефан како капитен пред мечот одржа говор, не така емотивен како Пандев, потоа поискусните исто така зборуваа, а на крај памтам што ни кажа селекторот. Рече: Не се откажувајте каков и да е резултатот, не се предавајте и одиграјте ги најдобрите 90 минути, вели Костадинов.

Натпреварот на „Драгао“ е закажан за вторник, 29. март од 20:45 часот.

Се вчитува...