Не се сите како Меси: Одбил неверојатни 1,5 милијарди евра договор!

Ал-Итихад бил подготвен да го урне светскиот рекорд за највреден договор во спортот само за да го доведе Лионел Меси, откри претседателот на саудискиот клуб, Анмар Ал Хаили.

Според неговите зборови, клубот му понудил на аргентинскиот ас неверојатни 1,5 милијарди евра по заминувањето од ПСЖ, но Меси без двоумење ја одбил понудата и се решил кариерата да ја продолжи во Интер Мајами.

„Му понудивме 1,5 милијарди евра, но ја одби понудата затоа што неговото семејство сакаше да живее во Мајами“, изјави Ал Хаили.

Првиот човек на Ал-Итихад призна дека во клубот очекувале Меси барем да размисли за понудата, но биле изненадени од брзината со која ја донел одлуката.

„Најмногу нè изненади тоа што не се двоумеше ниту момент. Можеше да се обиде да го убеди своето семејство, но не го направи тоа. Го избра семејството пред парите“, додаде Ал Хаили.

Иако саудискиот клуб беше подготвен да понуди историски договор, Меси остана доследен на своите лични приоритети и избра нов живот во САД, каде што од 2023 година настапува за Интер Мајами.

Се вчитува...