„Не верувајте во солзите на Гвардиола…“

Серхио Агуеро по десет години поминати на „Етихад“ си замина од редовиете на Манчестер Сити и кариерата ја продолжи во Барселона. Еден од оние кои заплака за раздлбата со Аргентинецот беше токму тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола кој на пресконференција не успеа да ги задржи своите емоции, говорејќи дека Агуеро е посебен и драг човек.

Но, таткото на Серхио Агуеро, Леонел дел Кастиљо нема ист став како и стратегот и упати критики кон тренерот на Манчестер Сити поради лошиот третман кој тој го имаше кон неговиот син, а дури тврди и дека солзите на шпанскиот стратег се лажни.

„Не верувајте во неговите солзи. Тој никогаш не беше искрен кон мојот син. По мое мислење, тој никогаш не го сакаше. Гвардиола е сјаен тренер, но секогаш сака да биде во главна улога во својот тим. Од ден во ден го менува играчите и тие никогаш не знаат дали се важни или не. Тој му рече на Серхио дека не може да биде заменет, но потоа не беше во ростерот“, вели таткото на Агуеро.

Се вчитува...