„НЕ“ за стриптиз на Мундијалот

На стадионите во Русија не изостануваат убавите девојки, но, сепак, машкиот дел од публиката на ова Светско првенство нема да добие двојно задоволство, да следи возбудлив фудбал, а истовремено атмосферата максимално да ја вжештат и разголени навивачки на трибините. Светската фудбалска организација (ФИФА) им забрани на припадничките на понежниот пол да се разголуваат на трибините и да покажуваат интимни делови од своето тело.

„Организацискиот комитет на ФИФА реши да им забрани на навивачите на трибините да ги покажуваат своите интимни делови од телото. Ова пред се важи за припадничките на понежниот пол кои во периодите на еуфорија многу често знаеја да ги покажат своите голи гради. Но, откако тоа стана и премногу вулгарно на еден од последните подготвителни натпревари пред самиот почеток на мундијалот, ваквиот чин е забранет на Светското првенство“ – изјави член на Организацискиот комитет на ФИФА.

Се вчитува...