Не знаат за пораз, обложувалниците нудеа коефициенти повисоки од 100

Репрезентацијата на Данска во 76. минута имаше негатива од 3:0 против составот на Швајцарија кој неколку месеци претходно ја декласираше Белгија со резултат 5:2.

Овојпат во Базел на данските репрезентативци им преостанаа нешто повеќе од 14 минути за чудо. По предноста на Швајцарците од 3:0, обложувалниците нудеа коефициенти повисоки од 100 за спас на Данска од пораз. И се случи чудо, за неполни 10 минути Данците постигнаа три погодоци и ја продолжија низата од 26 натпревари без пораз.

Се вчитува...