Небесен скок и супер-гол на Кристијано Роналдо (видео)

Кристијано Роналдо се врати во топ-форма, а тогаш е вистинска напаст за противничките дефанзивци. Го почувствуваа тоа на своја кожа и фудбалерите на Сампдорија, по фантастичниот погодок што Роналдо го постигна вечерва за водство од 1-2 на Јуве на стадионот во Џенова.

Португалецот уште еднаш ги потврди неверојатните физички способности со небесен скок, со кој го остави далеку под себе противничкиот одбранбен фудбалер, се задржа кратко во воздухот, па со одличен удар со глава ја смести топката над голманот на Сампдорија.

Се вчитува...