Неделковски седми на Светското првенство во карате

Најдобриот македонски каташ, Александар Неделковски имаше успешен настап на Светското првенство во карате кое се одржува во Дубаи. Тој го освои седмото место што е неверојатен резултат и еден од најдобрите во историјата на Македонија кога се во прашање натпреварувањата во ката.

Неделковски во третата рунда во кати го освои четвртото место и за само 0.4 поени не успеа да обезбеди борба за бронзата.

Свој настап во кати имаше и Пулексенија Јованоска која стигна до втората елиминациска рунда.

Се вчитува...