Недеви на ЈКА карате семинар во Берлин

Најуспешениот македонски каратист на сите времиња, Дејан Недев на 27. и 29. септември во Берлин, Германија ќе учествува на ЈКА карате семинар под водство на Сенсеи Такенори Имура – 8 дан шеф инструктор на ЈКА од Токио, Јапонија.

Сенсеи Имура во моментов важи за еден од најдобрите светски карате инструктори кој бил повеќекратен шампион на Јапонија и асистент на големиот светски карате мајстор и еден од основачите на ЈКА сенсеи Масатоши Накајама.

Овој семинар представува увертира пред шампионатите кој следуваат до крајот на годината како што се: Светскиот фудокан куп во Синделфинген, Германија од (1. до 3. ноември 2019), и официјалниот ИТКФ светски шампионат во Куритиба, Бразил (од 2. до 9. декември 2019).

Се вчитува...