Недеви на карате семинар во Хановер

Македонска делегација од традиционално карате викендов во Хановер, Германија е дел од европски карате семинар со светската карате легенда, Сенсеи Хироши Шираи – 10 дан. На семинарот од Македонија учествуваат селекторот на македонската репрезентација во традиционално карате проф. Венцислав Недев и д-р Дејан Недев.

„Учеството на вакви семинари е од големо значење за развојот на традиционалното карате и постигнување на врвни спортски резултати на нашите каратисти. Сенсеи Шираи во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот кој оваа година наполни 82 години. Тој преставува најголем ум и непресушен извор на знаење ученик на легендарниот карате мајстор Сенсеи Хидетака Нишијама, творецот на традиционалното карате во светот“ – информираат од Македонската федерација за традиционално карате.

Се вчитува...