Недораснат противник: Шпанците ја „збришаа“ Чешка

Шпанија не дозволи апсолутно никакво изненадување во првиот натпревар од Групата 1 во втората фаза на Европското првенство 2020. „Црвената фурија“ едноставно ја збриша Чешка победувајќи со убедливи 31-25.

Уште од почетокот на дуелот очигледна беше разликата во квалитет меѓу двете селекции. Шпанците на полувремето веќе имаа предност од пет гола (14-9), а во второто полувреме продолжија во ист стил, имаа предност и од десет гола разлика, но на крајот си дозволија опуштање за конечни 31-25.

Најефикасни во победничкиот тим беа Душебајев и Фернандез со по пет погодоци, додека кај Чесите најефикасен беше Здрахала со осум гол. Кашпарек мечот го заврши со шест запишани погодоци.

Се вчитува...