Немања Недовиќ е во потрага по нов клуб по финансискиот колапс во Монако, по кој стана јасно дека српскиот поентер нема да остане меѓу „кнезовите“.
Тој ја мина ланската сезона во оваа екипа на позајмица од Црвена Звезда, но српскиот кошаркар не крие дека е разочаран од односнот на својот поранешен клуб и воопшто не размислува за враќање меѓу црвено-белите.
„Нешто се промени во нивниот однос минатиот јуни, за нецел месец се беше различно. Се ќе беше во ред ако ми кажеа директно, сакаме да одиме во поинаков правец, ти благодариме за се… Но тие лажеа, упорно зборуваа една работа, додека правеа нешто сосема друго. Затоа, сега воопшто не размислувам за таа опција, Црвена Звезда е завршена приказна за мене. Ако некој ти искаже непочитување, а ти го толерираш, тој ќе го повтори тоа при првата наредна приказна. Додека сум активен кошаркар нема да се вратам во Црвена Звезда, а за потоа… ќе видиме“, изјави Недовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
