Недвед е оптимист: Јувентус нема да се исплаши од Барселона

Среќата не му беше наклонета на Јувентус при ждребот на двојките за четвртфиналето од Лигата на шампионите, но Павел Недвед е оптимист дека „старата дама“ може да ја елиминира Барселона и да се пласира меѓу најдобрите четири клуба во Европа сезонава. „Црно-белите“ пред две сезони загубија од каталонскиот гигант во големото финале, но нивниот директор е убеден дека лекцијата е научена и дека овојпат Јуве ќе се прикаже во далеку подобро издание.

Едно е сигурно, Јувентус нема да се исплаши од Барелона. Подготвени сме за предизвикот, мислам дека овој двомеч доаѓа во вистински момент бидејќи формата на нашиот тим се движи во нагорна линија. Не размислуваме за одмазда за тоа финале, туку за фасцинантните натпревари што ќе ги играме со каталонскиот гигант. Ја почитуваме Барса, но не премногу бидејќи знаеме дека можеме да играме против овој ривал. За да ја елиминираме Барса мораме да ги одиграме најдобрите натпревари оваа сезона, но верувам дека сме способни за такво нешто“ – истакна директорот на „старата дама“.

Се вчитува...