Недвед: Јувентус може да се потпре на Роналдо во Лигата на шампионите

Потпретседателот на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, Павел Недвед е уверен дека Кристијано Роналдо може да го предводи тимот до освојување на трофејот во Лигата на шампионите. „Старата дама“ веќе долго време ја посакува титулата во елитното натпреварување.

„Роналдо е шампион и кога ќе биде потребно тој ќе биде тука за тимот. Јувентус може да се потпре на него. Имаше проблеми со повреда, но сега повторно е во одлична форма. Убаво беше да се види со Дибала и Игуаин во нападот на последниот натпревар против Удинезе“, изјави Недвед. 

Во осминафиналето во Лигата на шампионите Јувентус ќе игра против францускиот Олимпик Лион кој според Павел Недвед е добар ждреб за разлика од лани кога во истата фаза се сретнаа со Атлетико Мадрид.

Се вчитува...