Нејмар дециден: Каков ПСЖ, 100% останувам во Барса

Нејмар еднаш месечно е поврзуван со мегатрансфер и заминување од Барселона, па Бразилецот повторно беше приморан да ги демантира гласините околу неговото напуштање на „Камп ноу“. Шпанските медиуми најавија дека неговиот татко ќе седне на маса со челниците на ПСЖ, бразилските весници дополнија дека „светците“ дури и ќе ја платат клаузулата од 222 милиони евра за негова отштета, но Нејмар во интервју за „goal.com“ децидно порача дека трансфер во текот на летово нема да има.

Веќе станува здодевно да го повторувам истото, јас не си одам од Барселона. Последната сезона беше најдобра за мене и едвај ја чекам новата. Одлично сум адаптиран на градот и на клубот, среќен сум и не размислувам за заминување. Погледите ми се насочени само кон освојувањето на нови трофеи со Барселона. Сите заедно минуваме фантастични, но и помалку добри моменти, сега сите сакаме сезоната 2017/2018 да биде максимално позитивна“ – изјави Нејмар.

Се вчитува...