Нејмар е цврсто решен да замине: Само чудо може да го задржи во Барса!

Се поголем број светски медиуми се убедени дека бразилскиот фудбалер Нејмар ова лето ќе ја напушти Барселона.

Нејмар, како што се наведува, има одлична понуда од ПСЖ и цврсто е решен да ја прифати. Како главна причина за неговата одлука да замине од Барса е фактот дека се наоѓа во втор план во тимот во однос на најголемата ѕвезда на клубот, Лионел Меси.

Токму поради тоа веќе многумина потенцираат дека само чудо може да го задржи Нејмар во Барселона.

„Тој веќе одлучил да замине. Во 25-та година мисли дека е време да ја освои Златната топка. Верува дека може да биде најдобар фудбалер на светот во некој друг клуб“ – вели неименуван извор близок до Барселона.

За доведување на Нејмар челниците на ПСЖ наводно се подготвени да издвојат 222 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во неговиот договор.

Се вчитува...