Нејмар го пропушта „Ел Класико“?

Барселона осетно си ги намали шансите за освојување на титулата во Примера по поразот на гостувањето во Малага, а уште поголем проблем за Луис Енрике е црвениот картон на Нејмар, поради кој Бразилецот би можел дури и да го пропушти претстојното „Ел Класико“, што е на програмата за две седмици.

Бразилецот доби два жолти картони, за што вообичаено следи суспензија од еден натпревар, но каталонците стравуваат дека поради конфликтот со судијата при излегувањето од теренот на Нејмар би можела да му биде изречена уште поголема казна, што би значела и негово отсуство од големото дерби на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид.

Со овој црвен картон беше прекината и серијата на Барселона, која 59 средби во низа во Примера дивизион беше без исклучен фудбалер од своите редови. За Нејмар ова е петто исклучување во кариерата, а од претходните четири три ги имаше како член на Сантош и едно во дресот на бразилската репрезентација.

Се вчитува...