Нејмар ја негираше веста за расправа со Донарума

Поразот на ПСЖ од Реал Мадрид сеуште е актуелна тема во светските медиуми, но покрај резултатот и играта на теренот се говори и за „третото полувреме“ во гостинската соблекувална каде, како што пренесоа шпанските медиуми дошло до тешка вербална расправа помеѓу Нејмар и Џиџи Донарума.

Сепак Бразилецот објави фотофрафија од разговорот со италијанскиот голман притоа негирајќи ги пишувањата.

„Здраво Неј, жал ми е за вчера. Оваа вест е неприфатлива“, пишува Донарума по што следи одговорот на Бразилец „Пријателу. Тоа се случува во фудбалот. Ние сме екипа и сме со тебе. Ти си сеуште млад и многу ќе освоиш во годините кои следат. Глава горе, продолжуваме понатаму“. 

Се вчитува...