Нејмар му пресуди на Манчестер јунајтед

Барселона забележа уште една победа на турнејата во САД, овојпат во пресметката со Манчестер јунајтед што каталонскиот гигант ја доби со 1-0.

Нејмар во исчекување на трансферот во ПСЖ продолжува со одличните игри за каталонскиот гигант, па по двата гола со Јувентус, Бразилецот синоќа го постигна и побендичкиот погодок против „црвените ѓаволи“. Ова беше прв меч летово што Барса го стартуваше со Меси, Нејмар и Суарез во нападот, каталонците предводени од Валверде делуваа опасно, создадоа неколку одлични шанси, но на крајот погодокот на Нејмар се покажа доволен за триумф над најтрофејниот англиски клуб.

Barcelona vs Manchester United 1-0 – Highlights… by jordondale

Се вчитува...