Нејмар: Ниту во еден момент, и при 0-1, не помислив на елиминација – одиме до финале

Бразилецот Нејмар, и покрај тоа што не успеа да се запише во листата на стрелците, беше најдобриот поединец на ПСЖ во пресврт-победата од 1-2 против Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Нејмар вели дека во ниту еден момент, и при 0-1 во 85. минута, не помислил на испаѓање…

„Аталанта е агресивна екипа, изненадување во ЛШ, но ова беше одлична вечер за нас. Беше тежок натпревар, па сега мора добро да се одмориме. Во ниту еден момент не размислував за елиминација. Одиме сега до финале. Еден натпревар не дели од финалето и две титули. Мислам дека ќе успееме затоа што ПСЖ оваа година живее како едно семејство“ – истакна Нејмар по вчерашниот натпревар.

 

Се вчитува...