Нејмар одлучи каде ќе ја продолжи кариерата – Информирано е и раководството на ПСЖ

Бразилскиот фудбалер Нејмар одлучи каде сака да ја продолжи кариерата, пренесуваат француските медиуми. Тој веќе го известил раководството на ПСЖ дека сака да остане во тимот и заедно со соиграчите да се обиде да ја нападне титулата во Лигата на шампионите.

Тој веќе го информирал спортскиот директор на „светците“, Леонардо дека е подготвен да го продолжи договорот кој е во траење до 2022 година. Од клубот се уште му немаат понудено нов договор на Бразилецот, кој на „Паркот на принцовите“ стигна во 2017 година од редовите на Барселона.

Покрај за ПСЖ и Барселона, Нејмар во кариерата настапуваше и за бразилскиот Сантош.

Се вчитува...