Нејмар се опоравува за СП: Во Русија ќе бидам во добра форма, тоа е мојот сон

Бразилската ѕвезда Нејмар, верува дека ќе биде подготвен да заигра на Светското фудбалско првенство во Русија што почнува на 16 јуни. Напаѓачот на ПСЖ на 26 јануари го повреди стапалото  и заврши на операција, но се надева дека до почетокот на мундијалот ќе биде во добра форма и ќе може да игра.

„Сомнеж постои, но тоа е нормално после првата операција во кариерата. Тешко ми е да бидам надвор од теренот, но барем сум одморен. Мора да гледам позитивно на работите“ – изјави Нејмар не прес-конференцијата во Сао Паоло каде се опоравува од повредата.

Бразил првиот натпревар го игра на 17 јуни против Швајцарија, на кои според најавите на терен ќе биде и Нејмар.

„Се надевам дека таму ќе стигнам во добра форма. Последниот преглед ми е на 17 мај и после тоа ќе можам да игра. На претходниот преглед се беше идеално. Се надевам дека така ќе биде и понатаму и дека ќе вратам на терен што поскоро. Штом почнам да тренирам, ќе работам посилно од кога и да е. Светското првенство е мој сон. Чекав четири години на оваа шанса“ – истакнува Нејмар.

По дуелот со Швајцарија, Бразул ќе ги одмери силите со Костарика и со Србија. И покрај дебаклот на домашен терен пред четири години, Бразил е еден од главните фаворити на претстојниот мундијал во Русија.

Се вчитува...