Првата ѕвезда Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар се поднови со хеликоптер, пренесуваат медиумите во неговата татковина. Хеликоптерот е произведен од Мерцедес -бенз, а неговата цена е 13 милиони евра.
Нејмар одлучил дека неговото ново превозно средство ќе биде обоено црно, а на него ќе бидат испишани и неговите иницијали „НЏР“. Исто така на хеликоптерот ќе се наоѓа и логото на неговиот омилен стрип херој „Бетмен“. Хеликоптерот може да достигне максимална брзина од 248 километри на час. Претходно во март месец тој купи сопствен авион, кој го плати 12.2 милиони евра.
Нејмар моментално е на подготовки со репрезентацијата на Бразил, пресрет Копа Америка на која „кариоките“ се домаќини, а ќе се одржи во периодот од 14. јуни, до 7. јули. Нејмар и другарите на првенството на Јужна Америка се наоѓаат во група со Боливија, Венецуела и Перу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА