Нејмар се повреди – Ќе биде ли подготвен за СП?

Бразилската ѕвезда Нејмар заработи полесна повреда на десниот лист, но неговиот настап на претстојното Светско првенство засега барем не е загрозен, пренесуваат бразилските медиуми.

Клупскиот лекар на Сантос, Родриго Зогаиб, потврди дека се работи за оток кој нема да ги наруши плановите на искусниот 34-годишен напаѓач, но сепак чекаат да видат како ќе тече рехабилитацијата.

Според лекарските проценки, тој веќе следната недела треба да и се приклучи на репрезентацијата на Бразил, но ќе тренира со помал интензитет.

Фудбалерот во моментов го одработува закрепнувањето во тренинг-центарот на Сантос. Процесот се одвива под будно око на неговиот личен медицински тим, како и под строг надзор на лекарите од Бразилската фудбалска конфедерација (CBF), со цел тој да биде максимално подготвен за мундијалските предизвици.

Се вчитува...