Нејмар се степа со соиграч, трансферот е се поблизу (ФОТО+ВИДЕО)

Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ е се поблизу откако Бразилецот влезе во физичка пресметка и го прекина денешниот тренинг на каталонскиот гигант во САД. Станува збор за десниот бек Семедо, кој го налути Нејмар при еден дуел, по што голгетерот тргна во отворен конфликт со Португалецот.

Хавиер Маскерано најпрвин за момент ги оттргна двајцата фудбалери, но Нејмар остана бесен и повторно тргна кон Семедо за физички да се пресмета со него. Посериозен инцидент спречи Серхио Бускетс, по што Нејмар уште повеќе збесна, шутирајќи неколку топки и упатувајќи се кон соблекувалната. Тренерот Валверде на крајот го прекина тренингот, на разочараност на останатите фудбалери.

Се очекува овој инцидент само уште повеќе да го забрза процесот на реализација на трансферот на бразилскиот ас во ПСЖ. Францускиот клуб веќе ја подготви понудата од 222 милиони евра за услугите на Нејмар, кој по враќањето назад од турнејата во САД би требало да ги мине лекарските прегледи и да го комплетира трансферот на „Паркот на принцовите“.

nejmar tepacka2

Се вчитува...