Нејмар случајно му го објави бројот: Ришарлисон добил 10 000 пораки за пет минути

Ришарлисон мораше да го смени телефонскиот број откако Нејмар несакајќи за време на стрим во живо на социјалните мрежи го покажа неговиот број. Додека Нејмар беше во живо доби повик од Ришарлисон и несвесно го сврете телефонот и го покажа бројот на тимскиот колега од националниот состав. Бразилецот експресно ја сфати грешката.

„Мислам дека штотуку го покажав твојот број без да сакам. Се колнам дека беше случајно. Мислам дека ќе треба да го промениш бројот“ му признал Нејмар на Ришарлисон.

Играчот на Евертон на Твитер објави дека добил 10 000 пораки за пет минути благодарение на грешката на Најмар. Природата на пораките што ги добивал не е објавена. Ришарлисон само напиша дека ќе ги блокира сите кои ќе му пишуваат или ќе му се јавуваат.

 

 

Се вчитува...