Нејмар со хеликоптер стигна на подготовките на Бразил за СП

Бразилската суперѕвезда Нејмар на спектакуларен начин, со личен хеликоптер, пристигна во тренинг кампот „Грања Комари“ во пресрет на подготовките за Светското првенство. Неговото пристигнување предизвика огромно внимание, но главна тема во репрезентацијата останува неговата здравствена состојба.

Како што пренесува „ЕСПН Бразил“, напаѓачот допатувал со приватен лет од Сао Паоло до Рио де Жанеиро поради специфичната ситуација со неговата повреди. Веднаш по слетувањето, тој заминал на детални прегледи кај медицинскиот тим предводен од доктор Родриго Ласмар. Прегледите покажале оток од два милиметри на мускулот на листот, повреда која ја заработи на последниот меч за својот клуб против Коритиба.

Во моментов Нејмар тренира по специјална изолирана програма за да се избегнат дополнителни компликации. Од Бразилската фудбалска федерација потврдија дека тој дефинитивно е отпишан за претстојните пријателски средби против Панама и Египет. Најголемата грижа за стручниот штаб е дали тој ќе успее навреме да се рехабилитира за премиерниот натпревар на Мундијалот против Мароко, закажан за 13 јуни.

Се вчитува...